Судиите од Белорусија, Андреј Гушко и Сирхеј Репкин се делегирани да ја делат правдата на мечот меѓу Македонија и Германија, кој директно одлучува за првото место во групата Ц.
Се работи за добро познати арбитри коишто досега и имаат судено на Македонија, но секогаш било тешко и неизвесно кога тие биле на теренот. Покрај аут линијата ќе бидат Петер Олсон од Шведска и Хелмут Виле од Австрија.
извор: 24rakomet.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.