| четврток, 6 декември 2018 |

Благоја Милевски официјално е нов селектор на младите фудбалери на Македонија

Благоја Милевски од денеска ќе ја врши функцијата селектор на младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година. Изборот на ФФМ паднал на овој фудбалски работник поради успешните денови поминати во ФК Вардар и освоените титули со најтрофејниот клуб.
Сега Милевски ќе има шанса да се докаже и во репрезентацијата, во квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2017 година за играчи до 21 година.

– Им благодарам на раководните лица од ФФМ што ми ја укажаа довербата да ја водам оваа национална селекција. Чест и голема обврска е да се биде првиот човек на оваа млада репрезентација. Таа е составена од играчи кои допрва треба да блеснат и да го докажат својот талент и квалитет за да можат да се наметнат за место во А-селекцијата – изјави Милевски.

Тој доаѓа на местото на в.д. селекторот Вујадин Станојковиќ, кој го на клупата Бобан Бабунски, кој, пак, доби отказ поради лошите резултати во претходниот циклус.

– Најпрофесионално ќе си ја извршувам функцијата и ќе се стремам да наметнам офанзивен фудбал, допадлив за симпатизерите кои треба да бидат сведоци на позитивни резултати. Не се откажувам од ниту еден фудбалер кој има право на настап во младата селекција. Секако, ќе биде повикан и Давид Бабунски, кој е голем европски талент. Нема да дозволам своите лични интереси да се ставаат пред интересите на репрезентацијата и државниот грб – додаде Милевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top