Македонскиот репрезентативец Горан Попов е нов член на Вардар, откако денеска потпиша тригодишен договор со актуелниот шампион. По многу перипетии со неговиот клуб Динамо Киев, левиот бек конечно успеа да издејствува да се врати во Македонија и ќе игра за Вардар, но од почетокот на вториот дел на првенството, односно од стартот на 2015 година.
Попов има богато интернационално искуство, а играше во клубови од Грција (Продефтики, АЕК, Егалео и Левадијакос), потоа беше член и на Црвена Звезда, послка Одра, холандскиот Херенвен, а беше еден од ретките наши играчи што настапувал и во англиската премиерлига во Вест Бромвич Албион. Доскоро беше член на Динамо Киев, но во последниот период беше позајмуван и не настапуваше за украинскиот гигант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.