Уште првиот ден бум со „Ало, докторе“. Линијата 15 123 вжештена уште од самиот почеток со работата. Од 8 до 11.30 часот биле регистрирани 100 јавувања на граѓани. Повиците биле за различни здравствени состојби и симптоми. Кој го болела глава, кој имал стомачни проблеми… сите барале телефонски совет од специјалистот кој денеска е на смена во повикувачкиот центар.
При промоцијата на центарот, министерот за здравство најави дека на телефонските јавувања ќе одговараат 13 специјалисти од кои двајца се пензионери. По една смена, односно од 18 до 22 часот ќе дежураат и 39 директори на клиники и скопските здравствени установи. Денеска прв на смена е директорот на Клиниката за гастроентерохепатологија. Надлежните очекуваат на овој начин сите граѓани кои имаат здравствен проблем да добијат одговор преку „Ало, докторе“. Но, и да биде растоварена работата на Службата за итна медицинска помош, каде што според досегашните проценки дури 20 проценти од повиците не биле за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.