| четврток, 6 декември 2018 |

Големо невреме ќе ја зафати Македонија ноќеска

Променливото и нестабилно време се очекува да продолжи во вечерните и ноќните часови, кога ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Oluja-nevreme-e1406719689665-600x364

Како што се наведува, нестабилната облачна маса, која претходно беше над Скопската котлина, сега е над подрачјето на Свети Николе и Велешкиот регион. Според информациите од радарскиот центар Ѓуриште, тука има невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд, силен ветер, а можна е и локална појава на град.

Оваа облачна маса, според УХМР, има правец на движење кон околината на Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top