| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел не се плаши од волјата на гласачите

Нај­че­сти­те прет­по­ста­вки што мо­жат да ја об­јас­нат не­на­деј­на­та ини­ци­ја­ти­ва зад ко­ја ка­ко ни­ко­гаш прет­ход­но, уште од приз­на­ва­ње­то на Сло­ве­ни­ја и на Хр­ват­ска, за­ста­на гер­ман­ски­от џин, се или ви­стин­ска жел­ба Гер­ма­ни­ја да ги сре­ди ра­бо­ти­те на Бал­ка­нот за да се от­стра­ни мож­но­ста од но­ви конф­ли­кти, па­ри­ра­ње на сѐ по­а­гре­сив­ни­те дип­ло­ма­тии и еко­но­мии на Ру­си­ја и на Ки­на во ре­ги­о­нот или обид за спре­чу­ва­ње на ат­мо­сфе­ра на не­ста­бил­ност, ко­ја би мо­же­ле да ја иско­ри­стат по­врат­ни­ци­те од конф­ли­кти­те во Ирак и во Си­ри­ја

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

И по­крај тоа што кон­фе­рен­ци­ја­та на ко­ја ли­де­ри­те од За­па­де­н Бал­кан во Бер­лин се срет­наа со гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка Ан­ге­ла Мер­кел бе­ше из­не­на­ду­ва­ње, а со­ста­но­кот до­би го­лем пуб­ли­ци­тет во ре­ги­о­нот и во Европ­ска­та уни­ја, са­мо мал­ку­ми­на ве­ру­ва­ат де­ка мо­же не­што зна­чи­тел­но да про­ме­ни во бав­ни­от при­ем на зем­ји­те во Европ­ска­та уни­ја. Мно­гу е по­го­лем бро­јот на тие што се оби­ду­ва­ат да откри­јат што стои зад ини­ци­ја­ти­ва­та на нај­моќ­на­та же­на на све­тот, Мер­кел, и зо­што  еко­но­ми­ја­та, ко­ја во си­ту­а­ци­ја ко­га во Фран­ци­ја се­кој ме­сец се гу­бат де­се­ти­ци ил­ја­ди ра­бот­ни ме­ста е единс­тве­ни­от мо­тор на це­ла­та Европ­ска уни­ја, по­втор­но во фо­ку­сот го вра­ќа Бал­ка­нот.

Ако се ана­ли­зи­ра­ат пос­ле­ди­ци­те од кон­фе­рен­ци­ја­та, во нив не­ма ни­што кон­крет­но, ни­ту не­што но­во. Во зак­лу­чо­ци­те што не би­ле усог­ла­су­ва­ни со учес­ни­ци­те ту­ку би­ле „октро­и­ра­ни“ од до­ма­ќи­ни­те не­ма ни­ка­ква нај­а­ва за не­ка­ков нов „мар­ша­лов план“ или друг вид ин­тер­вен­ци­ја што би мо­же­ла да ги над­ми­не проб­ле­ми­те со кои се со­о­чу­ва ре­ги­о­нот. Ду­ри и во фи­нан­си­и­те, до­ма­ќи­ни­те беа пре­циз­ни, евен­ту­ал­ни­те про­е­кти што би мо­же­ле да би­дат спро­ве­де­ни со за­ед­нич­ки на­по­ри би се фи­нан­си­ра­ле со ве­ќе по­стој­ни­те па­ри во про­гра­ма­та на ИПА или со па­ри­те од гер­ман­ска­та би­ла­те­рал­на про­гра­ма, ко­ја ве­ќе две де­це­нии им по­ма­га на ло­кал­ни­те еко­но­мии во овој дел од Евро­па. За раз­ли­ка од сто­ти­ци­те ми­ли­јар­ди да­де­ни за спас на Гр­ци­ја, за ре­ги­о­нот оста­ну­ва­ат са­мо „тро­шки­те“ од кои не мо­же да се оче­ку­ва не­ка­ков зна­чи­те­лен на­пре­док.

Го­лем дел од европ­ски­те ана­ли­ти­ча­ри сме­та­ат де­ка ду­ри и де­сет­те ми­ли­јар­ди евра што Европ­ска­та уни­ја ги пред­ви­де за по­мош и за тех­нич­ка под­др­шка на зем­ји­те-кан­ди­да­ти и парт­не­ри на Уни­ја­та, беа из­ну­де­ни отка­ко Ки­на соз­да­де сли­чен та­ков фонд за ин­ве­сти­ции во ре­ги­о­нот, и тоа под од­лич­ни ус­ло­ви.

Иа­ко го­лем дел од нив сме­та­ат де­ка наг­ла­та про­ме­на на Гер­ма­ни­ја и на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, кои пре­ку ноќ, и по­крај за­мо­рот од про­ши­ру­ва­ње­то, го свр­теа вни­ма­ни­е­то на зем­ји­те-член­ки кон За­па­ден Бал­кан, се дол­жи на агре­сив­но­ста на Ру­си­ја, се­пак, таа не е единс­тве­на­та при­чи­на за тоа.

Кон­фе­рен­ци­ја­та што се одр­жа во но­ем­ври ми­на­та­та го­ди­на во глав­ни­от град на Ро­ма­ни­ја, ка­де што бе­ше про­мо­ви­ран па­ке­тот од 10 ми­ли­јар­ди до­ла­ри што тре­ба да се иско­ри­стат до 2018 го­ди­на, по што ќе има нов па­кет, ја по­ка­жа пра­ктич­на­та на­ме­ра на Пе­кинг со иско­ри­сту­ва­ње на сло­бод­ни­те па­ри што ги има на рас­по­ла­га­ње да го зго­ле­ми сво­е­то вли­ја­ние во ре­ги­о­нот, кој мо­же дол­го­роч­но да го ко­ри­сти ка­ко от­скоч­на шти­ца за де­фи­ни­тив­но осво­ју­ва­ње на па­за­рот на ста­ри­от кон­ти­нент. Ки­на пред пет го­ди­ни во пи­реј­ско­то при­ста­ни­ште ве­ќе ин­ве­сти­ра­ше пет ми­ли­јар­ди до­ла­ри, ка­де што ку­пи два од три­те тер­ми­на­ли, а се­га са­ка да ги ку­пи си­те др­жав­ни грч­ки ак­ции. Со ки­не­ски па­ри во Ма­ке­до­ни­ја се гра­дат два авто­па­ти­шта, во Бу­ку­решт бе­ше до­го­во­ре­на из­град­ба на Ра­фи­не­ри­ја во Ро­ма­ни­ја, ка­ко и ни­за  дру­ги про­е­кти во цен­трал­на и во источ­на Евро­па, дел од нив во зем­ји што се член­ки на ЕУ. Ки­на е ве­ќе при­сут­на и во Ср­би­ја, ка­де што ин­ве­сти­ра­ше ре­чи­си ед­на ми­ли­јар­да до­ла­ри во тер­мо­цен­тра­ли на Ср­би­ја, а се оче­ку­ва да гра­ди и огро­мен мост на Ду­нав на гра­ни­ца­та со Ро­ма­ни­ја. Слич­но е и во дру­ги­те зем­ји од ре­ги­о­нот. Цр­на Го­ра зе­де по­во­лен кре­дит од ки­не­ска­та Екс­порт-им­порт бан­ка за на­ба­вка на ки­не­ски бро­до­ви, а Ал­ба­ни­ја уште од вре­ме­то на Са­ли Бе­ри­ша со Ки­на по­стиг­на до­го­вор за из­град­ба на зо­на на сло­бод­на тр­го­ви­ја. Ра­бо­ти­те се уште поб­ли­ски во Ун­га­ри­ја, ка­де што ве­ќе функ­ци­о­ни­ра дво­ја­зи­чен ун­гар­ско-ки­не­ски фа­кул­тет, а во Из­мир и во Та­лин при­ста­ни­шта­та ги ра­ко­вод­и ки­не­ски ин­ве­сти­то­ри или се во­дат пре­го­во­ри за ин­ве­сти­ра­ње во овој биз­нис.

 

По­врат­ни­ци­те се оп­шта опас­ност за це­ли­от кон­ти­нент

Ед­на од те­ми­те за кои се сог­ла­си­ле си­те учес­ни­ци на со­ста­но­кот во Бер­лин е опас­но­ста од чле­но­ви­те на Ис­лам­ска­та др­жа­ва на Ирак и на Си­ри­ја, од­нос­но по­врат­ни­ци­те од бли­ско­и­сточ­ни­те фрон­то­ви во ре­ги­о­нот, а пре­ку не­го и на те­ри­то­ри­ја на ЕУ. Иа­ко во зак­лу­чо­ци­те од кон­фе­рен­ци­ја­та не­ма точ­ка на оваа те­ма, се­пак ова пра­ша­ње, спо­ред ин­тен­зи­те­тот на по­ка­жа­ни­те емо­ции и за­гри­же­ност, се чи­ни де­ка би­ло ви­со­ко на аген­да­та на сред­ба­та. Стра­вот од бе­ла­та „Ал Ка­е­да“, од­нос­но на ра­ди­кал­ни ин­ди­ви­ду­ал­ци или гру­пи, кои по­ра­ди сво­јот европ­ски изг­лед и др­жав­јанс­тво на зем­ји­те од ре­ги­о­нот не­ма­ат по­тре­ба од ви­зи за влез во шен­ген­ска­та зо­на, е сѐ по­при­су­тен во зем­ји­те-член­ки и за­тоа од За­па­ден Бал­кан се ба­ра вни­ма­тел­ност на тоа по­ле. Пра­ктич­но, ре­ги­о­нот ќе има уло­га на фил­тер што ќе тре­ба да ја от­стра­ни опас­но­ста од те­ро­ри­стич­ки на­па­ди во Лон­дон, Па­риз или во Бер­лин. Ма­ке­дон­ски­те прет­став­ни­ци во Бер­лин од­би­ва­ат да ка­жат што точ­но се раз­го­ва­ра­ло на со­ста­но­кот на оваа те­ма и да­ли Бер­лин и Бри­сел ве­ти­ле кон­крет­на по­мош за со­о­чу­ва­ње со по­врат­ни­ци­те од Ирак и од Си­ри­ја.

 

Се раз­би­ра, не по­ма­ла гри­жа за Уни­ја­та е вле­зот на ру­ски­от ка­пи­тал во ре­ги­о­нот, пред сѐ во Ср­би­ја, ка­де што ру­ски­те ком­па­нии има­ат ре­чи­си мо­но­пол во енер­гет­ски­от биз­нис, а ру­ска др­жав­на ком­па­ни­ја, од­нос­но кон­зор­ци­у­мот од „Ру­ски же­лез­ни­ци“ и грч­ка­та гра­деж­на ком­па­ни­ја ГЕК „Тер­на“, е ме­ѓу нај­се­ри­оз­ни­те фа­во­ри­ти за ку­пу­ва­ње мно­зин­ски па­кет-ак­ции во со­лун­ско­то при­ста­ни­ште од ка­де што има од­лич­на ин­фра­стру­кту­ра за транс­порт на сто­ка кон Ру­си­ја, но и кон дру­ги­те европ­ски зем­ји.

Гра­ѓа­ни­те на ре­ги­о­нот, си­гур­но, би са­ка­ле при­чи­на­та за гер­ман­ска­та за­ин­те­ре­си­ра­ност за ре­ги­о­нот да би­де ху­ма­на и од со­ли­дар­на при­ро­да. Би са­ка­ле да пре­ов­ла­ду­ва жел­ба­та на Мер­кел за ре­ша­ва­ње на си­те проб­ле­ми и за бр­зо ин­те­гри­ра­ње во Европ­ска­та уни­ја ме­сто стра­вот од Ру­си­ја и од Ки­на. Ова сце­на­рио зад кон­фе­рен­ци­ја­та во Бер­лин има ло­ги­ка, но, се­пак, за­се­га е нај­мал­ку ве­ро­јат­но. Ре­ги­о­нот прем­но­гу па­ти до­се­га бил раз­о­ча­ран од по­те­зи­те на Бри­сел, кој по­сто­ја­но ве­ту­вал брз про­грес, но на кра­јот се­ко­гаш из­ле­гу­ва­ло де­ка ве­ту­ва­ња­та од Уни­ја­та не мо­жат да би­дат ис­пол­не­ти до крај, де­лум­но по­ра­ди бав­ни­те ре­фор­ми во дел од др­жа­ви­те, а де­лум­но и по­ра­ди комп­ли­ку­ва­на­та европ­ска ад­ми­ни­стра­ци­ја и не­га­тив­но­то рас­по­ло­же­ние кај европ­ски­те гла­са­чи. Со­лун­ска­та аген­да, ко­ја пред де­сет го­ди­ни има­ше сил­на под­др­шка од то­гаш­ни­те ли­де­ри на ЕУ, оста­на са­мо сим­бол на европ­ски­те лаж­ни ве­ту­ва­ња и праз­ни збо­ро­ви за бал­кан­ски­те жи­те­ли. Од 2004 го­ди­на до де­нес од аген­да­та со ко­ја тре­ба­ше Гр­ци­ја да ста­не ли­дер на ре­ги­о­нот, а зем­ји­те да би­дат пред пор­ти­те на ЕУ, оста­наа са­мо по­ра­ки­те што се по­вто­ру­ва­ат се­ко­ја го­ди­на и ло­ши­от вкус во уста­та на бри­сел­ски­те би­ро­кра­ти, кои, отка­ко се сме­ни­ја ста­ри­те по­ли­тич­ки­те ли­де­ри, оста­наа са­ми да об­јас­ну­ва­ат зо­што Уни­ја­та во Со­лун про­мо­ви­ра­ла „ве­тар во маг­ла“.

 

Зо­што СИРИЗА се пла­ши од ини­ци­ја­ти­ва­та на Мер­кел

Нај­по­пу­лар­на­та грч­ка пар­ти­ја СИРИЗА на Ци­прас е за­гри­же­на од ини­ци­ја­ти­ва­та на Гер­ма­ни­ја за За­па­ден Бал­кан.

Пар­ти­ја­та што, спо­ред ан­ке­ти­те, за еден до два про­цен­та е во пред­ност во од­нос на Неа де­мо­кра­ти­ја на Са­ма­рас, ре­а­ги­ра по  зак­лу­чо­ци­те од кон­фе­рен­ци­ја­та за За­па­ден Бал­кан во Бер­лин.

Ци­прас и не­го­ви­те дру­га­ри пра­шу­ва­ат зо­што Гр­ци­ја не би­ла по­ка­не­та на кон­фе­рен­ци­ја­та, ка­де што би­ло спо­ме­на­то пра­ша­ње­то за име­то, алу­ди­рај­ќи при­тоа де­ка Гер­ма­ни­ја мо­же без кон­сул­та­ции со Ати­на да пре­зе­ме фи­нал­на ини­ци­ја­ти­ва за ре­ша­ва­ње на дол­го­го­диш­ни­от спор за име­то.

Чле­но­ви­те на СИРИЗА се за­гри­же­ни и зо­што во Бер­лин не би­ле спо­ме­на­ти пре­го­ва­рач­ки­от про­цес со по­средс­тво на ОН и од­лу­ки­те на Европ­ски­от со­вет, спо­ред кои пра­ша­ње­то за име­то е вклу­че­но во рам­ка­та за по­чи­ту­ва­ње на до­бро­со­сед­ски­те од­но­си и про­мо­ви­ра­ње на ре­ги­о­нал­на­та ста­бил­ност и е пре­дус­лов за при­стап­ни пре­го­во­ри.

За­гри­же­но­ста на Ци­прас и на не­го­ва­та пар­ти­ја, ко­ја лес­но мо­же да се слу­чи на на­ред­ни­те из­бо­ри да дој­де во си­ту­а­ци­ја да фор­ми­ра но­ва вла­да кај јуж­ни­от со­сед, е, пред сѐ, по­ра­ди јас­ни­те гер­ман­ски оби­ди да ја за­зе­ме ли­дер­ска по­зи­ци­ја на Бал­ка­нот.

Спо­ред СИРИЗА, ор­га­ни­за­ци­ја на ад хок фо­ру­ми над­вор од рам­ка­та на ЕУ, иск­лу­че­но­то учес­тво на зем­ји-член­ки на Уни­ја­та и по­дел­ба­та на уло­ги на зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан е опас­ност за­тоа што иск­лу­чу­ва­ње­то на Ати­на од ре­ги­о­нал­ни­те про­це­си мо­же да ја до­ве­де зем­ја­та во де­лум­на изо­ла­ци­ја и во не­мож­ност да вли­јае на проб­ле­ми­те во сог­лас­ност со сво­ја­та над­во­реш­на аген­да.

 

Kolumna105-2

Мо­ра да се пре­ис­пи­та прин­ци­пот на ус­ло­ве­ност

За лаж­ни­те ве­ту­ва­ња на Бри­сел ве­ќе не збо­ру­ва­ат са­мо зем­ји­те од ре­ги­о­нот, ту­ку и европ­ски­те по­ли­ти­ча­ри. И Франк Вал­тер Штајн­ма­ер ка­ко до­ма­ќин на ми­ни­стри­те за над­во­реш­ни ра­бо­ти во Бер­лин и евро­ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње во за­ми­ну­ва­ње Ште­фан Фи­ле, пред сво­и­те ко­ле­ги од Бал­ка­нот приз­на­ле де­ка Бри­сел мо­ра да го пре­ис­пи­та сво­јот прин­цип за „кон­ди­ци­о­нал­ност“ или ус­ло­ве­ност на на­пре­до­кот со на­пра­ве­ни­те ре­фор­ми. Овој прин­цип осо­бе­но е крш­лив во слу­ча­јот со Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја ги за­вр­ши си­те по­треб­ни ре­фор­ми и ги ис­пол­ни си­те пре­дус­ло­ви, а се­пак не мо­же да поч­не пре­го­во­ри за членс­тво. Евро­па не смее да ла­же ко­га им ве­ту­ва на сво­и­те парт­не­ри – зем­ји­те што се кан­ди­да­ти, е ста­вот и на Штајн­ма­ер и на Фи­ле, кој до­пол­ни­тел­но, спо­ред европ­ски дип­ло­мат­ски из­во­ри, го­во­рел за проб­ле­мот со ве­то­то на зем­ји­те-член­ки што  има­ат спор со зем­ји­те-кан­ди­да­ти, проб­лем што од те­мел го ури­ва овој прин­цип на ус­ло­ве­ност. Со за­ка­ни­те од За­греб де­ка по­ра­ди ис­чез­на­ти­те ли­ца во те­кот на ју­гос­ло­вен­ска­та кри­за ќе ста­ви ве­то на Ср­би­ја, овој проб­лем ста­ну­ва ре­ги­о­на­лен, а не са­мо на ед­на член­ка или кан­ди­дат, па за­тоа и Бри­сел и Бер­лин ќе мо­ра­ат да нај­дат ме­ха­ни­зам, ко­ј ако не би­де по­ста­вен, и по пет го­ди­ни ќе го спре­чу­ва про­це­сот на про­ши­ру­ва­ње.

 

Гер­ман­ски­те ме­ди­у­ми (не)за­ин­те­ре­си­ра­ни за За­па­ден Бал­кан

Бер­лин­ска­та кон­фе­рен­ци­ја не бе­ше глав­на те­ма во гер­ман­ски­те ме­ди­у­ми. Без раз­ли­ка да­ли тоа бе­ше план на ка­би­не­тот на Мер­кел или, пак, ре­ги­о­нот не е ве­ќе ин­те­ре­сен за европ­ска­та јав­ност, факт е де­ка са­мо мал дел од ме­ди­у­ми­те ин­фор­ма­ци­и­те од неа ги пла­си­раа во удар­ни­те тер­ми­ни или на нас­лов­ни­те стра­ни­ци. Кол­ку сме важ­ни за гер­ман­ска­та јав­ност и за нај­важ­ни­те ме­ди­у­ми нај­до­бро по­ка­жу­ва на­чи­нот на кој во Гер­ма­ни­ја бе­ше при­ка­жа­на те­пач­ка­та во ма­ке­дон­ски­от пар­ла­мент. Во ин­фор­ма­ци­ја­та за атра­ктив­но­то ви­део со раз­ме­на­та на бо­ксо­ви и на шла­ка­ни­ци ме­ѓу пра­те­ни­ци­те на ДУИ и на ДПА би­ло об­јас­не­то де­ка во Со­бра­ни­е­то во Скоп­је се сте­па­ле вла­ста и опо­зи­ци­ја­та, а во ве­ста сто­е­ло и де­ка пра­те­ни­ци­те на опо­зи­ци­ја­та прет­ход­но го на­пу­шти­ле за­ко­но­дав­ни­от дом со што е соз­да­ден „га­ли­ја­ма­тис“ во гер­ман­ска­та јав­ност, ко­ја не­ма точ­на ин­фор­ма­ци­ја кој и зо­што се те­пал во Со­бра­ни­е­то, а впе­ча­ток е де­ка та­му ни­ту има ин­те­рес за те­мел­ни ин­фор­ма­ции од ва­ков вид.

 

Мер­кел има хра­брост ка­ква што имаа мал­ку­ми­на во Евро­па

Тоа што е по­зи­тив­но од кон­фе­рен­ци­ја­та, по­крај де­лум­но вра­те­ни­от оп­ти­ми­зам кај Бал­кан­ци­те, е што Мер­кел по­ка­жа хра­брост ка­ко ре­тко кој европ­ски по­ли­ти­чар да оди кон­тра сво­и­те гла­са­чи, кои не са­ка­ат да ги фи­нан­си­ра­ат по­тен­ци­јал­ни­те ази­лан­ти и ра­бот­ни­ци од Бал­ка­нот. И по­крај јас­ни­те ре­зул­та­ти од ан­ке­ти­те во кои Евро­пеј­ци­те од­вај се сог­ла­су­ва­ат и со ро­ман­ски­те и со бу­гар­ски­те ра­бот­ни­ци, Мер­кел по­ка­жа де­ка е ви­зи­о­нер што гле­да во перс­пе­кти­ва, а не во днев­на­та по­ли­ти­ка и ин­те­ре­си. Без раз­ли­ка кои се неј­зи­ни­те ви­стин­ски мо­ти­ви за кон­фе­рен­ци­ја­та. Иа­ко таа не ве­ти ни­што кон­крет­но, а ро­ко­ви­те од че­ти­ри го­ди­ни, кои беа по­ста­ве­ни во Бер­лин, се сов­па­ѓа­ат со пер­и­о­дот од пет го­ди­ни во кој, спо­ред гер­ман­ско­то про­те­же, Лу­ксем­бур­жа­не­цот Жан-Клод Јун­кер, ќе не­ма при­ем на но­ви член­ки, се­пак таа има­ше хра­брост јас­но да по­ра­ча де­ка За­пад­ни­от Бал­кан не­ма да оста­не на це­ди­ло, што во гер­ман­ска­та јав­ност, си­гур­но, не­ма да ѝ до­не­се по­е­ни, ту­ку, на­про­тив, мо­же са­мо да ѝ на­ште­ти.

 

(објавено во 105. број на неделникот „Република“, 5.09.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top