| четврток, 6 декември 2018 |

Кир Ахмети и кир Тачи на линија

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Да се ка­же ли де­ка за Ма­ке­до­ни­ја го­лем дел од пред­ло­зи­те на Ни­миц се до­бри ка­ко по­чет­на точ­ка за фи­нал­ни пре­го­во­ри? Да се ри­зи­ку­ва ли до­би­ва­ње ста­тус на по­кон­стру­кти­вен пред очи­те на НАТО и на ЕУ со откри­ва­ње на сво­и­те по­зи­ции во пре­го­во­ри­те? Да се сме­та­ат ли за искре­ни и чес­ни пред­ло­зи­те од дип­ло­ма­ти­те, кои мно­гу­па­ти до­се­га, скри­е­ни зад пла­штот на ре­ги­о­нал­на ста­бил­ност и на­ци­о­на­лен раз­вој, ус­пе­ваа да ни про­да­дат евти­ни фин­ти, кои по­доц­на, ко­га ќе се осве­стев­ме, ска­по ги пла­ќав­ме? Мно­гу ди­ле­ми во пер­и­о­дот пред нас.

 

Ед­ни­от со жа­ле­ње дру­ги­от со гор­дост, двај­ца бал­кан­ски по­ли­ти­ча­ри де­но­ви­ве, ко­неч­но, се сог­ла­си­ја со не­што. Ма­ке­до­ни­ја не­ма да до­бие да­тум за пре­го­во­ри во ју­ни. И по­ра­неш­ни­от ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти, а се­га прв чо­век на со­бра­ни­ска­та Ко­ми­си­ја за над­во­реш­на по­ли­ти­ка, Ан­то­нио Ми­ло­шо­ски, и ли­де­рот на член­ка­та на грч­ка­та ко­а­ли­ци­ска вла­да Еван­ге­лос Ве­ни­зе­лос беа пре­циз­ни и јас­ни. Гр­ци­ја не­ма да доз­во­ли Ма­ке­до­ни­ја на са­ми­тот на Уни­ја­та во ју­ни да до­бие да­тум за пре­го­во­ри и по­крај тоа што се ис­пол­не­ти зак­лу­чо­ци­те од пос­лед­ни­от де­кем­ври­ски са­мит на кој Европ­ска­та уни­ја ѝ су­ге­ри­ра­ше на Ма­ке­до­ни­ја да ги про­дол­жи пре­го­во­ри­те со по­средс­тво на по­сред­ни­кот Ни­миц. И по­крај тоа што Ма­ке­до­ни­ја, за раз­ли­ка од Гр­ци­ја, не го отфр­ли пос­лед­ни­от пред­лог на по­сред­ни­кот за јуж­ни­от со­сед ту­ку актив­но се ан­га­жи­ра ка­ко што ба­ра­ше Бри­сел, тоа не е до­вол­но. По­втор­но со ар­гу­мен­ти на си­ла ме­сто со си­ла­та на ар­гу­мен­ти­те Ати­на се за­ка­ну­ва и нај­а­ву­ва де­ка ќе про­дол­жи да ги др­жи во за­лож­ниш­тво си­те кри­те­ри­у­ми од Ко­пен­ха­ген и си­те ос­нов­ни по­сту­ла­ти за сло­бо­да, пра­во на са­мо­о­дре­ду­ва­ње и ин­ди­ви­ду­ал­ни и ко­ле­ктив­ни чо­ве­ко­ви пра­ва на кои по­чи­ва Европ­ска­та уни­ја.

goran-kol-08-ali-ahmeti-menduh-taci_11

Зо­што Ма­ке­до­ни­ја не смее  јав­но да го при­фа­ти пред­ло­гот на Ни­миц

Де­но­ви­ве, пет-шест го­ди­ни отка­ко то­гаш пр­ви­от аме­ри­кан­ски др­жа­вен се­кре­тар од жен­ски пол, не­фор­мал­но, од ма­ке­дон­ски­от др­жа­вен врв ба­ра­ше фор­мал­но да при­фа­ти еден од пред­ло­зи­те на по­сред­ни­кот на ОН, Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но се со­о­чу­ва со слич­ни су­ге­стии. Сѐ по­ве­ќе има стран­ски дип­ло­ма­ти во Скоп­је, но и „шатл-дип­ло­ма­ти“ што пре­по­ра­чу­ва­ат Ма­ке­до­ни­ја јав­но да го при­фа­ти пос­лед­ни­от сет идеи на Ни­миц. За раз­ли­ка од Кон­до­ли­за Рајс, ко­ја на ма­ке­дон­ски­те при­ја­те­ли во 2008-2009 го­ди­на отво­ре­но им ка­жу­ва­ла де­ка при­фа­ќа­ње­то на пред­ло­гот на Ни­миц во тој пер­и­од има са­мо рек­лам­на упо­тре­ба за­тоа што аме­ри­кан­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја то­гаш има­ла си­гур­ни ин­фор­ма­ции де­ка Гр­ци­ја ќе го од­бие исти­от пред­лог, се­га при­каз­на­та е мал­ку по­и­на­ква.

Ка­ко пр­во, и по­крај на­ви­дум не­за­ин­те­ре­си­ра­но­ста на за­пад­ни­те си­ли за неа, ха­шка­та пре­су­да ѝ да­ва на зем­ја­ва си­лен ар­гу­мент за­тоа што не смее да при­фа­ти ком­про­мис, та­ков ка­ков што ба­ра Гр­ци­ја, кој по­крај тоа што е ште­тен за на­ци­ја­та, ќе зна­чи и пре­кр­шу­ва­ње на ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва, на при­мер, пра­во­то на са­мо­и­ден­ти­фи­ка­ци­ја.

Од тех­нич­ко–пре­го­ва­рач­ки ас­пект, стран­ци­те, кои ба­ра­ат јав­но при­фа­ќа­ње на пред­ло­зи­те на Ни­миц, мо­ра да се свес­ни де­ка во оваа фа­за се­ко­ја сог­лас­ност со њу­јор­шки­те точ­ки од моќ­на­та грч­ка дип­ло­мат­ско–ло­би­стич­ка ма­ши­не­ри­ја ќе би­де про­тол­ку­ва­на ка­ко пов­ле­ку­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја и приз­на­ние де­ка Гр­ци­ја не е таа што ги бло­ки­ра пре­го­во­ри­те со го­ди­ни.

До­пол­ни­тел­но, во на­ред­на­та фа­за, ко­га по­сред­ни­кот и пре­го­ва­ра­чи­те Јо­лев­ски и Ва­си­ла­кис евен­ту­ал­но ќе вле­зат во су­штин­ски раз­го­во­ри за де­та­ли, Гр­ци­ја ќе сме­та де­ка Ма­ке­до­ни­ја во фи­нал­ни­от ком­про­мис тре­ба да трг­не од јав­но­то при­фа­ќа­ње на пос­лед­ни­от пред­лог на Ни­миц. А, за тра­ге­ди­ја­та да би­де уште по­го­ле­ма, на­ве­де­но­то е ед­на од по­до­бри­те ва­ри­јан­ти на раз­вр­ска, а нај­ре­ал­но е Гр­ци­ја, и по­крај тоа што Ма­ке­до­ни­ја би по­пу­шти­ла, се­пак уште ед­наш да ја бло­ки­ра во си­те ме­ѓу­на­род­ни ор­га­ни­за­ции.

Додворувајќи им се на Aмериканците, Ахмети ги губи Албанците

Откако дојде под силен притисок на дел од тетовското и од скопското крило на партијата, кои бараат итно решение на името и евроатланска интеграција, Ахмети, под сугестија на своите стручњаци за односи со јавноста, се реши за маневар, кој место да му донесе поени, повеќе го заглави во неостварените ветувања за брзо членство во НАТО и во ЕУ.

goran-kol-08-besimi-avramopulos-2

Соочен со фактот што ДУИ во изминативе години ниту имала ниту во иднина има шанси да добие сериозна улога во решавањето на спорот за името, кое е ексклузивно „македонско прашање“, Ахмети се реши да глуми дипломатска офанзива, па прво тој замина за Америка, каде што не успеа да се сретне со ниту еден сериозен американски функционер од повисок ранг, а, во исто време, го испрати вицепремиерот Бесими на туристичко патување во Атина. Бесими во овој контекст помина полошо затоа што ни Аврамопулос не му даде голем значење знаејќи дека Бесими, како кадар на ДУИ, не може да биде тасот на вагата на која се мерат односите Скопје – Атина. Резултатот од двете патувања се само неколку контроверзни изјави, кои дополнително мораа да бидат „пеглани“ откако целата македонска јавност, заедно со албанската јавност почна да се чуди на бисерите на лидерите на ДУИ.

„Подобро да си останат на тоа што знаат да го работат и да не влегуваат во теми за кои никој нема да поверува дека можат да ги променат“, е коментарот на дел од опозициските албански политички партии.

Дипломатската активност на ДУИ, како што, според нив, се нарекуваат средбите, е само обид на Ахмети пред американските авторитети да даде сигнал дека се обидува да влијае на Груевски да го реши побрзо спорот за името иако и самиот знае дека проблемот не е во коалицискиот партнер туку во јужниот сосед. Други извори во албанскиот блок, пак, велат дека Ахмети се обидува да се позиционира пред можните предвремени избори, доколку и во декември нема датум за преговори.

Ка­ко пра­ктич­но функ­ци­о­ни­ра грч­ки­от кон­сен­зус во од­но­си­те со Ма­ке­до­ни­ја нај­до­бро мо­же да се ви­ди од грч­ки­от пре­тсе­да­тел Ка­ро­лос Па­пу­љас, кој по којз­нае кој пат ја од­би по­ка­на­та на сво­јот ко­ле­га Ива­нов за сред­ба. Чо­ве­кот, кој во 1995 го­ди­на ја пот­пи­ша При­вре­ме­на­та спо­год­ба и со тоа и лич­но се об­вр­за да ги по­чи­ту­ва прин­ци­пи­те на до­бро­со­седс­тво со­др­жа­ни во спо­год­ба­та, по којз­нае кој пат ги иг­но­ри­ра. Па­пу­љас се­га бе­ше по­ка­нет на са­ми­тот на пре­тсе­да­те­ли на зем­ји­те од ју­го­и­сточ­на Евро­па, но за не­го тоа не е до­бро друш­тво.

За раз­ли­ка од про­а­ме­ри­кан­ки­от со­ци­ја­лист и шар­мер Јор­гос Па­пан­дреу, кој ду­ри се­дум па­ти за кра­тко вре­ме ба­рем се сли­ка­ше со Гру­ев­ски, грч­ки­от пре­ми­ер Са­ма­рас и не­го­ви­от уста­вен шеф Па­пу­љас од сред­би со ма­ке­дон­ски прет­став­ни­ци се пла­шат ка­ко од ѓа­вол. Пред сѐ по­ра­ди стра­вот де­ка со тоа ќе ја на­ру­шат сво­ја­та ау­ра на го­ле­ми па­три­о­ти и за­штит­ни­ци на син­дро­мот на по­де­ле­на лич­ност, кои одед­наш, од пред де­се­ти­на го­ди­ни, поч­наа да се на­ре­ку­ва­ат Грч­ки Ма­ке­дон­ци. Ед­но­став­но, тие не сме­ат да би­дат ви­де­ни со „Сла­во­ма­ке­дон­ци­те“, чи­ја­што др­жа­ва, спо­ред нив­ни­те прес­ме­тки, мо­же и тре­ба да се рас­пад­не се­кој мо­мент.

И ту­ка до­а­ѓа­ме до се­ри­оз­но­то вли­ја­ние, кое грч­ка­та аген­да го има на вна­треш­на­та по­ли­ти­ка на Ма­ке­до­ни­ја. Ми­на­та­та не­де­ла, по­ве­ќе на­мер­но откол­ку слу­чај­но, двај­ца­та нај­моќ­ни ли­де­ри на ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци да­доа из­ја­ви со кои на Гр­ци­ја ѝ да­доа за пра­во да се на­де­ва де­ка ако уште мал­ку го др­жат во жи­вот ве­то­то ка­ко дип­ло­мат­ски мо­дел, мо­же­би ќе ус­пе­ат во сво­ја­та на­ме­ра да ја сне­ма Ма­ке­до­ни­ја од ма­па­та на европ­ски зем­ји, ба­рем та­ква ка­ква што ја зна­е­ме се­га.

Пр­во Ах­ме­ти во ед­на, бла­го ка­жа­но, кон­фуз­на, а, спо­ред не­кои, и ко­лум­на од ти­пот „са­кам ка­жам не знам ре­чам“, по­ра­ча де­ка Ма­ке­до­ни­ја не­ма име и при­тоа што и да са­ка­ше да ка­же ги збу­ни ду­ри и сво­и­те гла­са­чи. Са­мо не­кол­ку де­на по­доц­на ли­де­рот на ДПА, кој ба­рем е искрен и све­сен де­ка за­се­га тоа не по­ми­ну­ва и де­ка ќе мо­ра да се гра­ди со­жи­вот, приз­на де­ка Ал­бан­ци­те са­ка­ле да жи­ве­ат во зем­ја по­и­на­ква од Ма­ке­до­ни­ја ама стран­ци­те им рек­ле де­ка тоа не е мож­но.

И по­крај тоа што Мен­дух Та­чи во вр­ска со пра­ша­ње­то за име­то во не­кол­ку на­вра­ти јас­но ка­жал де­ка Ма­ке­до­ни­ја е во пра­во и не е те­шко да се по­ве­ру­ва де­ка та­ка, на­ви­сти­на, мис­ли, а Ах­ме­ти, спо­ред не­го­ви­те иска­зи, има раз­би­ра­ње за по­зи­ци­и­те на Ма­ке­дон­ци­те, со овие две из­ја­ви и пред стран­ци­те и пред ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни двај­ца­та да­доа сли­ка што лес­но мо­же да би­де зло­у­по­тре­бе­на од ра­ди­кал­ни стру­кту­ри, кои не ги ин­те­ре­си­ра да­ли за­па­дот ќе доз­во­ли Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја или не.

Овие не­од­го­вор­ни из­ја­ви, кол­ку и да се тие обид на две­те пар­тии да осво­јат днев­но­по­ли­тич­ки по­е­ни пред мож­ни­те пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри или се израз на страв од ре­волт кај гла­са­чи­те за не­ос­тва­ре­ни­те ве­ту­ва­ња за влез во НАТО и во ЕУ (осо­бе­но во слу­ча­јот со ли­де­рот на ДУИ) се осо­бе­но ко­рис­ни за твр­ди­те игра­чи во грч­ка­та по­ли­тич­ка но­менк­ла­ту­ра, кои се хра­брат де­ка не згре­ши­ле ко­га пред­ви­де­ле крах на мла­да­та ма­ке­дон­ска др­жа­ва.

От­ту­ка Ах­ме­ти и Та­чи мо­жат сло­бод­но да за­бо­ра­ват на фа­ктот што Гр­ци­ја не го приз­на­ва Ко­со­во, што не им го вра­ќа имо­тот на про­те­ра­ни­те Ал­бан­ци од грч­ка­та об­ласт Ча­ме­ри­ја, што со го­ди­ни ги мал­тре­ти­ра ал­бан­ски­те еми­гран­ти и ре­дов­но им ор­га­ни­зи­ра опе­ра­ци­ја „Мет­ла“ за нив­но про­те­ру­ва­ње. Но, не сме­ат да го иг­но­ри­ра­ат фа­ктот де­ка за Ма­ке­дон­ци­те ни НАТО ни све­ти НАТО не мо­жат да би­дат по­важ­ни фер ком­про­мис со кој на ид­ни­те ге­не­ра­ции ќе им се оста­ви мож­ност во обе­ди­не­та­та Евро­па да се бо­рат за за­чу­ву­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, ма­ке­дон­ски­от ја­зик и тоа ка­ко Ма­ке­дон­ци, а не ка­ко што по­са­ку­ва­ат на југ, ка­ко Се­вер­но­ма­ке­дон­ци или Гор­но­ма­ке­дон­ци. Се­кое ре­ше­ние што би би­ло на­мет­на­то со си­ла или уце­ни не мо­же да ги за­до­во­ли ин­те­ре­си­те на Ма­ке­дон­ци­те, па ду­ри и да е тоа по­вод за нов конф­ликт. За­тоа што ре­тки се зем­ји­те во кои нај­го­ле­ми­те на­ци­о­нал­ни гру­па­ции и гра­ѓа­ни­те се на­ре­ку­ва­ат по­и­на­ку од име­то на др­жа­ва­та. Уште се по­ре­тки функ­ци­о­нал­ни­те др­жа­ви во кои гра­ѓа­ни­те жи­ве­ат со уце­ни и со за­ка­ни на­мет­на­ти име и иден­ти­тет. Ал­бан­ци­те тоа нај­до­бро го зна­ат, а го зна­ат и Ма­ке­дон­ци­те, кои, ба­рем во јав­ни­от ди­скурс, ве­ќе не го ко­ри­стат тер­ми­нот Шип­тар, кој, спо­ред за­ед­ни­ца­та, по­ве­ќе од 20 про­цен­ти со­др­жи на­вред­ли­ва ко­но­та­ци­ја. Ста­ро­то пра­ви­ло да не се пра­ви на дру­ги­от тоа што не са­ка­те да ви се пра­ви вам е до­бар при­мер, кој тре­ба да се ко­ри­сти и на оваа те­ма.

ММЕ кој прв поч­на…

Ме­ѓу нај­важ­ни­те де­ло­ви од од­лу­ка­та на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та во Хаг ка­де што Ма­ке­до­ни­ја ја ту­же­ше Гр­ци­ја и ка­ко ре­тко ко­га ѝ на­не­се те­жок дип­ло­мат­ски по­раз е точ­ка­та што це­лос­но го от­стра­ну­ва ар­гу­мен­тот што се ко­ри­сти и ме­ѓу грч­ки­те, но и ме­ѓу дел од до­маш­ни­те струч­ња­ци, а кој збо­ру­ва зо­што Гр­ци­ја бло­ки­ра­ла. За мно­гу­ми­на, ду­ри и во зем­ја­ва, осо­бе­но за тие што има­ат ин­те­рес да ја кри­ти­ку­ва­ат вла­да­та на Гру­ев­ски за спо­ме­ни­ци­те и за та­ка­на­ре­че­на­та ан­ти­кви­за­ци­ја, грч­ка­та бло­ка­да е ло­гич­на пос­ле­ди­ца на ма­ке­дон­ски­те про­во­ка­ции. Тие што сме­та­ат де­ка Гр­ци­ја има пра­во да бло­ки­ра по­ра­ди име­ну­ва­ње­то на скоп­ски­от ае­ро­дром по Але­ксан­дар Ве­ли­ки, по­ста­ву­ва­ње­то не­гов спо­ме­ник во цен­та­рот на Скоп­је, име­ну­ва­ње­то на авто­па­тот Скоп­је – Со­лун и на град­ски­от ста­ди­он по та­тко­то на Але­ксан­дар се це­лос­но по­ра­зе­ни од 15 су­дии, кои се пот­пи­шаа на до­ку­мент на ор­ган на ОН спо­ред кој Ма­ке­до­ни­ја има пра­во на си­те тие че­ко­ри и при­тоа тие ни­ту прав­но ни­ту по­ли­тич­ки не мо­жат да се сме­та­ат за про­во­ка­ци­ја, ка­ко што со го­ди­ни твр­ди Гр­ци­ја. Тие што пре­ку ан­ти­кви­за­ци­ја­та се прес­ме­ту­ва­ат со дру­га­та по­ли­ти­ка на Гру­ев­ски не зна­ат уште еден факт, кој, се раз­би­ра, не мо­же со ед­но­став­но пре­ба­ру­ва­ње да се нај­де на веб-стра­ни­ци­те на ин­сти­ту­ци­и­те на јуж­ни­от со­сед. Име­но, уште во 2005 го­ди­на Грч­ки­от со­вет за над­во­реш­на по­ли­ти­ка, на кој, по­крај др­жав­ни­от врв, учес­тву­ва­ат и од­го­вор­ни­те ми­ни­стри, струч­ња­ци за ме­ѓу­на­род­но пра­во, про­фе­со­ри од ор­га­ни­за­ци­и­те ка­ко ЕЛИАМЕП и дру­ги стру­кту­ри што ја кре­и­ра­ат грч­ка­та над­во­реш­на по­ли­ти­ка, до­не­се­ла пре­по­ра­ка, ко­ја, пра­ктич­но, има­ла зна­че­ње на за­кон­ски акт со ко­ја Гр­ци­ја ќе ја бло­ки­ра Ма­ке­до­ни­ја. По­крај од­лу­ка­та на ха­шки­от суд ов­де е мно­гу важ­но вре­ме­то на со­ста­но­кот на грч­ки­от со­вет за над­во­реш­на по­ли­ти­ка. Тој се слу­чил не­кол­ку го­ди­ни пред про­ме­на­та на име­то на скоп­ски­от ае­ро­дром и пред до­а­ѓа­ње­то на власт на ВМРО- ДПМНЕ. Со дру­ги збо­ро­ви, ду­ри и во 2006 го­ди­на СДСМ да не ги за­гу­бе­ше из­бо­ри­те, пред сѐ по­ра­ди те­ри­то­ри­јал­на­та по­дел­ба, Гр­ци­ја ќе ста­ве­ше ве­то на са­ми­тот во Бу­ку­решт и по­доц­на не­кол­ку па­ти во ЕУ. Со тоа ста­ну­ва­ат илу­зор­ни си­те де­ба­ти за тоа „кој прв поч­на и кој од ма­ке­дон­ски­те по­ли­тич­ки ели­ти е ви­но­вен за со­стој­ба­та. Ед­но­став­но, за Гр­ци­ја не е важ­но да­ли има ар­гу­мен­ти или кој е на власт во Скоп­је. Пред­ви­де­на­та др­жав­на стра­те­ги­ја ко­ја се пров­ле­ку­ва уште од „Ма­ке­дон­ска­та бор­ба“ пре­ку бал­кан­ски­те вој­ни и Гра­ѓан­ска­та вој­на, ед­но­став­но, мо­ра да се спро­ве­де.

(објавено во 38. број на неделникот „Република“, 24.05.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top