| четврток, 6 декември 2018 |

Свирела на виолина додека ѝ правеле операција на мозокот (видео)

mocart operacijaИзраелската музичарка Наоми Елишав свиреше на виолина додека лекарите ѝ правеа операција на мозокот обидувајќи се да ѝ отстранат проблемот што ѝ предизвикувал мускулни контракции поради што ја прекинала кариерата.

Началникот на неврохируршкото одделение во болницата Соураски во Тел Авив, Џитжак Фрајд, рекол дека операцијата била изведена додека Наоми била будна за да може прецизно да се утврди каде да ѝ се постави електродата.

– Таа мора да биде поставена точно во милиметар -рекол лекарот.

Затоа побарал од Наоми да свири на својот инструмент за да биде сигурен дека стимулацијата на мозокот со електродата го отстранила проблемот без нус-појави.

– Ова е првпат да оперирав пациент кој за време на зафатот свиреше. Многу ми е драго што бев на приватен концерт на талентирана и ценета музичарка -рекол лекарот.

Шеесетгодишната Наоми била виолинистка во литванскиот национален симфониски оркестар и во израелскиот камерен оркестар, но треперењето ја принудило да ја скрати кариерата и да се посвети на предавање музика.

Операцијата била изведена низ дупка во черепот низ која во мозочниот центар за движење е внесена електрода од 1,3 милиметри. Кога го погодивме местото, се слушна „совршениот Моцарт“. Треперењето исчезна рекол Фрајд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top