Вчеравечер во кругот на СВР-Струмица, дошол М.Д.(41) кој започнал да го омаловажува полицискиот службеник незадоволен бидејќи не му бил пронајден моторциклот, кој го пријавил за одземен истиот ден.
М.Д. бил предупреден да не го нарушува јавниот ред и мир, но тој и понатаму продолжил и побарал прием кај одговорниот во полициската станица. Откако на М.Д. бил замолен да почека бидејќи имало други странки, истиот почнал да го влече за палтото од униформата полицискиот службеник и со тупаница го удрил во пределот на градите и во пределот на рамото.
Истиот бил доведен во послушност и при алкотестирање на пријавениот било утврдено присуство на алкохот од 1,82 промили.
По целосно документирање на случајот против М.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


