Лош старт со тежок пораз од 1-5 против актуелниот европски првак Шпанија имаше вечерва Македонија во новиот квалификациски циклус за настап на ЕП во Франција 2016.
Фаворитот лесно ја оправда улогата со одлична игра против избраниците на Бошко Ѓуровски во Валенсија, а мрежата на Томе Пачоски ја наполнија Рамос, Алкасер, Бускетс, Силва и Педро. Шпанците во одредени моменти играа викторија пред нашиот гол и имаа дузина шанси да постигнат уште некој погодок.
Зрак на надеж по лошиот почеток кога за две минути од 15. до 17. минута примивме два гола, ни донесе Агим Ибраими со гол од пенал по речиси половина час игра. Во тој момент Македонија намали на 1-2, но до крајот на мечот бевме инфериорни против првиот фаворит во групата Ц за пат во Франција за две години.
Следниот меч ќе го играме во Скопје на 9. октомври против Луксембург, селекција што ја изненади вечерва Белорусија и одигра нерешено 1-1. Одличен резултат забележа Словачка, репрезентација што го доби дербито на првата рунда во нашата група со 1-0 против Украина на гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.