Французин доби условна казна затвор од 10 месеци, забрана да и се приближува на поранешната девојка, парична казна и задолжителни посети на психијатар!
Девојката 9 месеци трпела страшна тортура – и се јавувал 73 пати дневно во просек и пратил илјадници пораки, а кога го блокирала неговиот број ја барал на домашниот телефон кај родителите и на работа.
Се обидела и со добро – отишла на состанок со него и му се заблагодарила, по што следувал помирен период но не траел долго – целата работа завршила на суд.
Неговата упорност да ја врати не го постигнала резултатот – 33 годишниот Французин добил условна казна затвор од 10 месеци, забрана да и се приближува, парична казна и задолжителни посети на психијатар!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


