Страхиња Миљчевиќ, 21-годишен студент на Правниот факултет во Белград, повеќе од една година се обидува да ја врати љубовта на поранешната девојка, па се решил овојпат да се обиде со несекојдневен потег. На Бранковиот мост Страхиња го поставил најдолгиот љубовен плакат на кој пишувало: „Се ми забрани, да те љубам, да ти се јавувам, да ти пишувам. Да можеш да ми забраниш барем да не те сакам веќе! Лики, среќен роденден!“
Иако полицијата му стапнала на среќата за 15 минути, но секако пораката стигнала на вистинското место.
-Денес ѝ е роденден и сакав да ѝ честитам. Планирав да закачам ваков плакат кој би се гледал од Калемегдан и да се најдеме на тврдината за да ѝ го покажам. Само сакав уште еднаш да ѝ кажам дека ја сакам и да ја повикам да се смириме. Цела година не сме заедно, јас се обидувам на разни начини да ја вратам. , раскажал за Ало.рс Страхиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.