Марко Ѓоковиќ, помладиот брат на најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ наводно е во врска со tенисерката Каролина Вознијацки.
Тоа на некој начин го потврди и Новак, ставајќи нивна заедничка фотографија на Инстаграм.
Марко и убавата тенисерка наводно се запознале во Монте Карло каде што се соседи, и добро информирани извори велат дека двојката времето се повеќе го поминува заедно.
Каролина порано се забавуваше со Кристијано Роналдо, а неодамна ја прекина врската со голферот Рори Мекилрој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


