| четврток, 6 декември 2018 |

Одмазда за бившата: Тетовец креирал лажни профили за да ја срами

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И. (22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот, откако ја прекинал љубовната врска со М.М. (21) од Тетово, креирал два лажни Фејбук профили и еден профил на Инстаграм на нејзино име, на кои прикажувал фотографии на оштетената и разни коментари, а со намера да и наштети на нејзината чест и углед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top