Кочанската полиција поднесе кривична пријава за силување против 25-годишниот Д.М. од с.Ракитец – Општина Конче. Пријавениот во периодот од ноември 2014 година до октомври 2016 година во повеќе наврати извршил силување и други полови дејствија над 19-годишна жителка на кочанско село.
Се започнало откако оштетената ја прекинала љубовната врска со пријавениот, по што тој ја натерал да му испрати на „Фејсбук“ неколку слики со експлицитна содржина, а по добивање на истите, пријавениот во повеќе наврати ја уценувал и и се заканувал дека ќе ги објави сликите на нејзини блиски роднини и пријатели, со што ја присилувал на обљуба и други полови дејства, информираат денес од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.