Вчера околу 12,30 часот во Скопје на бул. „Партизански одреди“ пред мостот Влајко од страна на непознати сторители биле фрлани камења и бекатонски плочки кон минибусот сопственост на компанијата „Менсур Турс“ кој превезувал патници.
Од извршеното каменување е скршено едно стакло на минибусот и едно лице било повредно, по што му е укажана лекарска помош во “Св. Наум Охридски” каде му се констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


