Патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево вчера бил каменуван кај надвозникот во населбата Бутел во близина на железничка станица Скопје Север, соопшти МВР.
Нема повредени лица, но искршено е едно прозорско стакло од вагон. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.