| четврток, 6 декември 2018 |

Каменуван автобус на ЈСП во Ченто

Околу час и половина по тепачката кај Битпазар вчера, на надвозникот кај „Агросервис“ меѓу населбите Маџари и Ченто бил каменуван автобус кој сообраќал на линијата 55, кој се движел кон Арачиново, соопшти СВР Скопје.

Инцидентот бил пријавен в полиција во 22.40 часот, при што било кажано дека додека автобусот се движел на надвозникот, група од неколку лица на возраст од околу 16 до 20 години го каменувале автобусот. Притоа биле искршени две стакла на левата страна од автобусот и стаклото од задната двокрилна стаклена врата од автобусот, како и едно стакло на десната страна од автобусот.

Од удар од еден од камењата, била повредена З.Г.(45) која добила повреди на левата аркада веднаш потоа била префрлена во Хируршката болница „Свети Наум Охридски“. По укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top