| четврток, 6 декември 2018 |

Минибус падна во реката Бистрица, загинаа девет лица

Девет лица загинаа, а еден човек успеал да се спаси откако минибус во кој имало 10 лица паднал во реката Бистрица во североисточна Романија, објави tvorbis.

Локалната служба за итна медициснка помош соопшти дека 22-годишен маж е единствениот преживеан кој успеал сам да излезе од возилото кое паднало во водата.

Длабочината на реката во областа на инцидентот е околу седум метри.

Локалните власти соопштија дека несреќата најверојатно се случила затоа што 25-годишниот возач изгубил контрола над минибусот откако експлодирала една од задните гуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top