| четврток, 6 декември 2018 |

Каменуван возот од Скопје за Табановце

пруга

Патничкиот воз кој што сообраќал на релација Скопје-Табановц вчера попладне бил каменуван, соопшти МВР.

Непознати лица го каменувале возот на влезниот сигнал на железничката станица Куманово кај село Черкези, при што е искршено едно прозорско стакло од врата, а напукнати се и две стакла од вагон.

МВР информира дека нема повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top