| четврток, 6 декември 2018 |

Една третина од првачињата се Албанчиња

Prvacinja (7) (Custom)

Фото: Архива на Република

Од околу 20.000 ученици кои прв пат седнаа во школската клупа, процентот на првачиња од албанска етничка припадност надмина една третина. Тоа што посебно загрижува е фактот дека годинава има за околу 1500 помалку првачиња од лани. Во моментов немаме точен број, бидејќи сите училишта не ни го испратија бројот на ученици. Главно процентот е помеѓу 30 и 35% Албанци и оваа пропорција се однесува за првооделенците – вели министерот за образование Абдулаќим Адеми.

Реновирани и реконструирани се 33 училишта. Едно од нив е и основното Бајрам Шабани во с, Свилари Сарај. Адеми најави дека во оваа општина приоритет е и изградба на средно училиште во следниот период. Со работа почнаа и 3 новоизградени образовни установи. 25 мај во Ченто е едно од основните каде целосно се изврши реконструкција со 25 милиони денари. Нов покрив, фасада, прозорци и под, со што е направен енергетски ефикасен објект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top