Соња Тарчуловска, македонската пејачка, сопруга на единствениот Македонец осуден од Хашкиот Трибунал, Јохан Тарчуловски, е во Германија, каде ја чека конечната официјална одлука на Трибуналот за ослободување на Тарчуловски. Во исчекување на одлуката Јохан да биде пуштен на слобода, таа го сними и спотот за нејзината нова песна. На нејзиниот фејсбук профил објави фотографии од како што напиша „завршни подготовки на мојот нов спот во ново-изградената македонска црква Св. Никола во Маинц-Германија“.

Драги мои пријатели,
оваа фотографија е од снимањето на спотот
во Маинц-Германија за мојата нова композиција.
Спотот и песната едвај чекам да ги споделам со вас,
а наскоро ќе ви ги презентирам.
Многу ретко зборувам и коментирам за моите песни и спотови,
но сега морам да кажам дека после еден мој голем хит,
следнава песна е мое милениче кое се надевам дека
многу ќе ви се допадне – напиша Соња
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






