| четврток, 6 декември 2018 |

„АнтиарT“ сними видеоспот за песната „Завидлив поглед“

Скопскиот бенд „АнтиарT“ го издаде својот втор сингл насловен како „Заводлив поглед“, а промовираа и видеозапис за нумерата.
„Завидлив поглед“ е авторско дело на бендот, поточно композиција на Никола Бочваров и Леана Таќи (Леа). На текстот повторно се потпишува Леа, а аранжманот е на Никола и членовите на „АнтиарT“. Видеото го снимаше Кочо Сотировски, а го едитираше Леа. Специјален придонес за време на снимањето даде Кристијан Теодоров и Елена Петковска.

Дел од песната е снимен во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, а за аудиоедитирањето се погрижи Горан Гешовски.

Бендот е составен од пет члена: Леана Таќи-Леа (вокал), Никола Бочваров (бас-гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски-Џигер (тапани).

Бендот во моментов работи на финалните детали на својот прв студиски албум, а со дел од своите песни публиката имаше можност да ги чуе и на годинешниот „Рок-фест“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top