| четврток, 6 декември 2018 |

Лоба промовираше два нови видео записи

Feel It на англиски и Над небото на македонски јазик се новите песни во таканаречен deep house музички правец, Викторија Лоба на својот Youtube канал ги промовираше со видео записи. Автори на композициите се македонските продуценти Marga Sol и Darles Flow, а Лоба го креираше текстот за македонската верзија.
-Песната од денес е официјално издадена од M-Sol records на Spotify, iTunes, Beatport и останати музички мрежи. Задоволство ми е што започнав соработка со два емининтни музички продуценти Marga Sol и Darles Flow. Време е публиката да чуе по различни синглови кои ќе бидат вистински deep house хитови, вели Лоба.
Видеата комплетно се изработени од Дарко Митев и се снимени на островот Санторини во Грција, со локација на Buddha-Bar Beach барот во сопственост на луксузниот хотел La Maltese Estate Santorini. Лоба во спотовите е облечена во креациите на модниот дизајнер Папаз.
-Првиот пат кога бев на Санторини, тој остров ме освои, дефинитивно има своја магија и сакав да направам видео запис. Имавме неколку дена снимање со целата екипа, огромна благодарност до сите кои беа дел од патувањето. На сите љубители на македонската музика како што ветив, во ек се последните подготовки од мојот албум кој ќе биде подарок за нив, полн со многу емоции, љубов и енергија, додава таа.
Албумот се очекува да излезе на музичкиот пазар до крајот на годината на македонски и англиски јазик со работен наслов Нов Свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top