| четврток, 6 декември 2018 |

Десет најскапи трансфери ова лето

Уругваецот Луис Суарез е најскапо платеното засилување во летниот преоден рок. Суарез од Ливерпул се пресели во Барселона за сума од 88 милиони евра.

Втори на листата се најдоа Реал, со трансферот на Хамес Родригез. Колумбиецот, кој на СП беше најдобриот стрелец, замина од Монако во Реал за сума од 80 милиони евра.

По доаѓањето на Родригез и претходно на Тони Крос, Аргентинецот Анхел Ди Марија побара да си замине од Реал. Во последните денови од преодниот рок тој за сума од 75 милиони евра стана нов играч на Манчестер Јунајтед.

Десет најскапи трансфери ова лето:

1.Луис Суарез, од Ливерпул во Барселона (88 млн евра)
2.Хамес Родригез, од Монако во Реал Мадрид (80)
3. Анхел Ди Марија, од Реал Мадрид во Ман. Јунајтед (75)
4. Давид Луиз, од Челзи во ПСЖ (49,5)
5. Елијаким Мангала, од Порто во Ман,.Сити (40)
6. Диего Коста, од Атлетико Мадрид во Челзи (38)
7. Алексис Санчез, од Барселона во Арсенал (37,8)
8. Лук Шо, од Саутемптон во Ман. Јунајтед (37,5)
9. Андер Ерера, од Атлетик Билбао во Мна.Јунајтед (36)
10. Ромелу Лукаку, од Челзи во Евертон (35,36).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top