| четврток, 6 декември 2018 |

Барса лесно до победа кај Леганес, Суарез го прекина постот (Видео)

Луис Суарез го прекина голгетерскиот пост и со два гола ја предводеше Барселона до рутинска победа од 0-3 на гостувањето кај Леганес. Уругваецот шест натпреври во низа не знаеше за гол, но лошата серија ја прекина денеска, и тоа благодарејќи на голманот на Леганес.

Куељар реагираше лошо по еден центаршут во 28. минута, ја испушти топката од раце и му овозможи на Луис Суарез да ја затресе мрежата.

Напаѓачот потоа погоди уште еднаш по еден час игра, а и овој гол беше постигнат со голема доза на среќа. Волејот на Луис Суарез одеше право кон Куељар, но еден од дефанзивците се обиде да расчисти и само го измами својот голман.

Конечниот резултат го постави Паулињо кој најдобро се снајде по една мешаница во 90. минута и погоди за 0-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top