На првиот полуфинален меч од Купот на Шпанија, синоќа Валенсија се бранеше одлично на „Камп Ноу“ и во најголем дел од мечот се добиваше впечаток дека играчите на Барелона немаат решение за одбраната на гостите. Сепак една магија на Лионел Меси и неговото проигрување до Суарез беа доволно фаворитот да обезбеди минимална предност од 1-0 пред реваншот на „Местаља“.
Уругваецот имаше полесна задача од Меси и сигурно со глава ја смести топката во голот, а од неговата партија претходно имаше и неколку жестоки дуели со стоперите на Валенсија, особено со Габриел Паулиста кој во микс-зоната откри и каква сочна порака добил од напаѓачот на Барселона.
– Тоа се работи кои за мене остануваат на теренот. Тој ми порача дека сум гом…, а јас му реков дека е одличен фудбалер, дека е најдобрата „9ка“ во светот. Сепак тоа останува на теренот, брзо се забораваат тие работи, низ смеа порача поранешниот стопер на Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Валенсија поразена на гостувањето кај Лас Палмас, натпреварот го заврши со 9 играчи (видео)
-
Алба ја спаси Барса од пораз на „Местаља“, судијата им поништи чист гол на „каталонците“ (видео)
-
Барса лесно до победа кај Леганес, Суарез го прекина постот (Видео)
-
Тренерот на Валенсија се повреди додека го славеше победничкиот гол (Видео)