| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Ивановски на Форумот за интернет владеење во Истанбул

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, денеска и утре ќе биде во службена посета во Репубика Турција. Целта на посетата е учеството на 9-от Форум за интернет владеење (ИГФ), кој ќе се одржи во Истанбул
во периодот од 2 до 5 септември.

Главната тема на овогодинешниот форум е „Поврзување на континентите за подобрено интернет владеење со вклучени засегнати страни“.

Во рамки на посетата министерот Ивановски денеска ќе учествува и на Лидерскиот состанок на високо ниво, на кој ќе има свое обраќање на тема „Градење на капацитети за економски развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top