| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски заминува во меѓународна компанија, нов министер од септември

Во септември владата ќе добие нов министер за инфорамтичко општество и  администрација. Досегашниот министер, Иво Ивановски, заминува на одговорна позиција во приватна меѓународна компанија, пренесува МРТ.

Во изјава за јавниот сервис, Ивановски вели дека и на новото работно место ќе има можност да работи во интерес на Македонија.

Во 2006-та година кога Ивановски станува дел од тимот на Груевски, само 9 проценти од Македонските граѓани користеа интернет, денес на интернет е повеќе од 70 проценти од населението.

Ивановски вели дека кога става црта на својот биланс важни се и многу други реализирани проекти.

Од владата се надеваат оти Ивановски и со новиот ангажман ќе продолжи да го промовира имиџот на Македонија. Велат дека премиерот Груевски е во процес на консултации за избор на нов министер кој ќе се зафати со реализација на комплексната и амбициозна владина програма.

Ивановски е прв министер за информатичко општество, ресор формиран во 2008-та на кој неколку години подоцна беше додаден и ресорот администрација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top