| четврток, 6 декември 2018 |

Доделување на ваучерите за таблет- компјутери за студентите

tabletНа Природно – математичкиот факултет ќе бидат доделени ваучерите за набавување таблет компјутери со надворешна тастатура. Ваучерите ќе ги доделуваат ресорниот министер Иво Ивановски и деканот на факултетот Ицко Ѓоргоски. Во рамки на владиниот проект за доделување вредносни бонови за таблет компјутери предвидени се вкупно 4.570 редовни студенти и студенти евидентирани како лица со посебни потреби.

Од пристигнатите 7.290 апликации, 1.938 биле одбиени, а 728 дополнително ќе се проверуваат. Најмногу ваучери се доделени на скопскиот УКИМ и на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, а најмалку на охридскиот.

Таблет компјутерите се наменети за редовните студенти од трета и од четврта година и за студентите евидентирани како лица со посебни потреби од која било година на студии во учебната 2014/2015 година, на високообразовните установи во Македонија, а кои доаѓаат од семејства со бруто приходи не поголеми од 32.741 денари. Ваучерите се со вредност од 8.000 денари, а таблет компјутерите студентите може да ги набават најдоцна до 25-ти јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top