| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола се отвора Факултет за информатички и комуникациски технологии

tablet kompjuter

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денес истакна дека наесен во рамки на универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола ќе започне со функционирање нов Факултет за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ).

Веќе е донесена одлука за формирање на нов Факултет за информатички и комуникациски технологии при универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола кој ќе започне со работа наесен. Матичната комисија веќе ја заврши својата задача, сега е потребно научно наставниот совет да избере декан и со тоа да се формира новиот факултет кој ќе биде спојување на техничкиот факултет и Факултетот за  администрација и менаџмент за информациони системи, истакна Ивановски кој денес присуствуваше на потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу ИКТ комората при ССК и информатичките факултети во Македонија.

Ивановски појасни дека ваквиот факултет ќе се отвори по примерот на успешноста на скопски ФИНКИ, кој се покажал како одличен успешен модел и за брзо време прераснал во еден престижен Факултет за информациски технологии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top