Фудбалерите на Вардар го совладаа Металург со 3:1 во дербито од 6.коло на Првата македонска фудбалска лига.
На средбата одиграна попладнево на стадионот во Ѓорче Петров, ја прекинаа низата од два натпревари без победа.
Победата црвено-црните ја најавија уште во 7-минута кога Јасир Асани беше најснаодлив пред голот на Металург за водство на Вардар од 1:0. Само четири минути подоцна (11) по корнерот од десната страна Бобан Грнчаров зголеми на 2:0. Надеж за Металург донесе прекрасниот гол на Миле Крстев од слободен удар постигнат во 27-минута. Сепак во второто полувреме уште два гола во мрежата на Металург. Стрелци беа, Влатко Гроздановски (65) и Филип Ивановски (76), за конечни Металург – Вардар 1:4.
Во Кратово, Силекс и Пелистер одиграа без победник 1:1, а во последниот натпревар одигран во Тетово, Ренова со 2:1 ја победи Брегалница.
Вчера, Работнички ја победи Шкендија со 3:2, а колото ќе заокружено утре (понеделник) со дуелот Тетекс Хоризонт Турново.
Табела: Вардар 14 бодови, Силекс 12, Металург 11, Пелистер 10, Шкендија 8, Ренова 8, Работнички 7, Хоризонт Турново 4, Брегалница 3 и Тетекс 2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.