| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија најмалку задолжена земја во регионов

nepotizam-mkd-3-sfrj
Македонија заедно со Црна Гора се најнезадолжените земји од поранешна Југославија кои имаат вкупен долг од 130 милијарди евра. Најзадолжена е Хрватска.

Меѓу државите настанати со распаѓањето на СФРЈ, номинално најзадолжена е Хрватска – нејзиниот вкупен долг кон средината на годината ја надмина бројката од 53 милијарди евра. Надворешниот долг на Словенија е поголем од 42 милијарди евра и за 16 милијарди е поголем од надворешниот долг на Србија, кој во моментов изнесува 26 милијарди евра.

Државниот долг на Црна Гора кон крајот на јуни изнесуваше околу 2,02 милијарди евра или 57,5 отсто од бруто домашниот производ, што ја прави најмалку задолжена земја од екс СФРЈ, објави сараевскиот весник „Слободна Босна“.

Во групата најмалку задолжени држави од овие простори е и Македонија со сегашен долг од 2,6 милијарди евра. Босна и Херцеговина има долг од околу 4,7 милијарди евра, од кои на надворешен долг отпаѓаат 3,6 милијарди евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top