| четврток, 6 декември 2018 |

Два дерби дуели во Првата македонска фудбалска лига

Fudbal Vardar Skendija 02 (Custom)

На прволигашките фудбалски терени низ Македонија денеска ќе бидат одиграни три средби од 6. коло, а две од нив ќе го понесат приматот дерби.

Најинтересно се очекува да биде на градското дерби меѓу Металург и Вардар екипи кои се на првите две позиции на табелата со идентичен број на бодови (11).

И во Кратово се очекува интересна битка. Силекс кој исто како Вардар и Металург има 11 бодови, а се наоѓа на третото место на табелата, го пречекува четвртопласираниот Пелистер.

Во последниот натпревар во Тетово, Ренова е домаќин на Брегалница.

Сите натпревари ќе започнат од 17 часот.

Вчера, Работнички ја победи Шкендија со 3:2, а колото ќе заокружено во понеделник со дуелот Тетекс Хоризонт Турново.

Табела: Вардар 11, Металург 11, Силекс 11, Пелистер 9, Шкендија 8 (+1), Работнички 7 (+1 натпревар повеќе), Ренова 5, Хоризонт Турново 4, Брегалница 3 и Тетекс 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top