Македонските кошаркарски јунаци денеска во СЦ „Борис Трајковски“ ја победија Белорусија со 72-66 во последниот квалификациски натпревар од групата Д. Со оваа победа Македонија го освои второто место и пласираа на Европското првенство 2015 година.
Сигурна игра во текот на сите 40 минути. Селекторот Александар Џикиќ одлично ја преводеше подмладената репрезентација до уште едно Евробаскет кој во наредните денови европската кошаркарска федерација ФИБА ќе го одреди домаќинот по одземањето на организатор на Украина поради познатите политички и воени причини.
Во случај да нашата репрезентација победеше со повеќе од 25 разлика ќе се пласираше на првото место во групата и ќе добиеше полесни противници во групата догодина.
До тоа можеше лесно да дојде откако на полувреме имавме шест разлика, но со серија од 14-0 во вториот дел стигнавме до само пет поени до првото место.
Сепак и второто место е огромен успех за младите играчи кои некои прерано ги отпишаа во овие квалификации.
Најфикасен вечерва беше Дамјан Стојановски 13 поени и фантастичен шут зад линијата 6.75 со три погодени од истотолку обиди
Хедрикс го пратеше во чекор со уште еден дабл-дабл ефект од 12 поени и 10 скока.
Во Белорускиот тим најефикасен беше Ситник со 15 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





