| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со едната нога е на Европското првенство во 2015 година

Со сигурна победа во петтиот дуел од квалификациите за Европското првенство 2015 Македонската кошаркарска репрезентација веќе може да почне да размислува за подготовките следното лето за Еуробаскетот.
Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ беше декласирана репрезентацијата на Данска со 80-46.

makedonija-danska-19

Овој патување во Скопје Данците го сватија како шетање бидејќи дојдоа со само девет играчи.
Во првиот дел кога се кршеше резултатот Макеоднија играше потешко од очекувањата и имаше слаб шут за три поени. Одбраната беше таа која не дозволи Данска да направи изненадување.
Сепак на полувреме се отиде со 14 разлика (41-29) благодарејќи на изворедните Дамјан Стојановски, Хендрикс и Соколов кои вкпуно имаа 25 поени.
Второто полувреме почна со агресивна одбрана на Данците по целиот терен и избраниците на селекторот Џикиќ ги завршуваа нападите на истекот на времето од неиградени позиции. Во третиот период реализацијата беше на пониско ниво и постигнавме само 13 поени.
Високата победа беше остварна во последниот период од натпреверот во кој Макеоднија постигна 26 поени, им дозволи на гостите да постигнат само шест.

makedonija-danska-15

Селекторот Џикиќ во игра ги стави сите 12 играчи на овој натпревар. Дури четворица од нив беа со двоцифрена реализација. Хендрикс повторно имаше дабл-дабл ефект со 15 поени и 12 скока, Бојан Трајковски, Дамјан Стојановски и Марко Симоновски постигнаа по 10 коша.
Единствениот расположен играч кај Данска беше Бергстед со 16 поени.
Следниот натпревар Македонија повторно го игра на домашен паркет против Белорусија во среда и со евентуална победа ќе се пласира на Евробаскетот следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top