| четврток, 6 декември 2018 |

Автобус на партијата на Руфи Османи каменуван во Ѓорче Петров

kamenuvan-avtobus

Засега непознати сторители во скопската населба Ѓорче Петров околу 19 часот каменувале автобуси со приврзаници на Национална демократска преродба (НДП), чиј претседател е Руфи Османи, јави Прес 24.
Приврзаниците се упатиле на конвенцијата на партијата во Универзалната сала во Скопје. Искршени биле неколку стакла на автобусите, а засега нема информации за повредени.
Отприлика во истото време бил каменуван и автобусот на ЈСП на линијата „67“, кај скопското село Моране. Притоа е скршен еден прозорец, а за среќа нема повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top