| четврток, 6 декември 2018 |

Руфи Османи поднесе оставка

руфи-османи1

Претседателот на НДП Руфи Османи и целото раководство на партијата поднесоа оставки поради лошите резултати на изборите. Во соопштението испратено од партијата се вели:

„Имајќи морална и менаџерска одговорност за неисполнување на националните и политички цели, на врвот на НДП и во функција за можност на нови млади кадри и унапредување на политичката активност на НДП, претседателот Руфи Османи, Секретарот Изет Зеќири, и потпреседателите Артан Дика и Гиктен Хазири, поднесоа оставка од партиските раководни позиции, и дополнотелно продлжуваат со политичката активност во структурите на НДП.“

НДП исто така соопшти дека не ги прифаќа како легалени и легитимени резултатите од изборите, и препорачува посредство на меѓународната заедница за формирање на влада од поширока коалиција со цел да се спроведе чистење на избирачкиот список и организирање на слободни и демокртаски избори како предуслов за враќање на демокрацијата во земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top