Осумнаесетгодишен патник е повреден во пределот на главата синоќа околу 23:45 часот кога непознати лица го каменувале автобусот бр. 50 на ЈСП на автобуската постојка кај хотел „Султан“ на бул. „Крсте П. Мисирков“ во близина на Бит пазар во Скопје.
Автобусот за време на инцидентот се движел во правец од Центар кон Автокоманда, соопшти МВР.
Повреденото момче Ф.Ј. со брза помош е пренесено во Ургентен центар – Скопје, каде што му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.