Мислам дека се созреани условите, за и Македонците од основно и од средно образование да започнат да го учат албанскиот јазик, исто како што Албанците го учат македонскиот, изјави во емисијата ”Во Фокус” на Art Channel TV, универзитетскиот професор Руфи Османи.
– Сакам да кажам дека еден квази аргумент на македонските интелектуалци е дека македонскиот јазик треба да биде јазик и фактор за интеграција, напротив, јас мислам дека условите се созреани, за и Македонците од основно и средно училиште да почнат да го учат албанскиот јазик исто како што Албанците го учат македонскиот јазик. И дури тогаш тие почитувајќи го нашиот јазик ќе го почитуваат и нашиот идентитет, и ние тогаш ќе го почитуваме нивниот идентитет и ќе дојдеме до таа реципрочна кохезија во два правци. Има почитување ако двете страни се почитуваат, нема почит ако на едната страна и се наметнуваат културните и јазичните вредности на другата страна, рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.