Ноќва во 00.30часот во ПС Ѓорче Петров, Т.С. (47) од Скопје пријавил дека на претходно во 23.00 часот истата вечер, движејќи се со автобус „јутонг“ на ЈСП-Скопје на релација од Автокоманда кон с.Сарај, поточно на ул.„Борис Сарафов“, непознат сторител извршил оштетување на автобусот во долниот и горниот дел.
Сторителот со фрлање на камења искршил повеќе стакла од автобусот по што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.