Најдобрите македонски ракометни клуба „Вардар“ и „Металург“ подготвени за новите предизвици во европската Лига на шампиони, како и за настапот во регионалната СЕХА лига. Годинава веројатно ќе гледаме помалку меѓусебни дуели, со оглед дека за разлика од минатата година „Вардар“ и “Металург“ не се во истата група во ЛШ. Првиот меѓусебен дуел скопските тимови ќе го имаат на 6 септември во СРЦ Кале, натпревар од СЕХА лигат Управата на вардарци реши овој меч да го игра во својата матична сала, бидејќи новиот дома, СЦ „Јане Сандански“ сѐ уште ја нема добиено лиценцата од СЕХА лига, а овој меч веќе однапред беше закажан.
Сезоната за Вардар ќе почне на 31 август со гостување во Нови Сад кај Војводина, а Металург пак првиот натпревар го има на домашен терен против Татран на 30 август во Скопје.
Двата тима на своите веб-страници објавија фотографии од нивниот состав. Еве ги најдобрите ракометари кои играат во Македонија:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.