Македонскиот репрезентативец Горан Пандев има бурно лето кога се работи за неговото продолжување на кариерата.
Откако тренерот на Наполи Рафа Бенитез му стави јасно до знаење дека не смета на неговите услуги, Пандев беше поврзуван со неколку услуги кои беа заинтересирани да го доведат во своите редови. По Фиорентина, Галатасарај и Милан, од денеска и Атлетико Мадрид се вклучува во трката.
Како што пишува Марка мадридскиот тим пројавил интерес за Пандев со цел да ги засилат напаѓачките линии во тимот.
На листата на желби се Горан Пандев и Џердан Шакири. Нареден период ќе се види колку Атлетико ќе треба и дали ќе може да плати за да ги доведе овие двајца играчи во Мадрид – пишува Марка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.