| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи со минимална победа во Удине, Милан и Торино одиграа без голови

Со минимална победа на гостувањето кај Удинизе, тимот на Наполи денеска го одржа чекорот во трката за првото место во италијанската Серија А.

Прашањето на победникот беше решено во првиот дел кога Габриеле Ангела направи прекршок за најстрога казна. Жоржињо многу слабо го изведе пеналот, Скуфе одбрани, но одбиената топка му се врати, па сепак успеа да погоди.

Тимот на Виченцо Монтела имаше уште еден кикс овој пат не успевајќи да слави против Торино на домашен терен (0-0). Мрежите мируваа, а ова реми без голови веројатно ќе значи дополнитилен притисок над тренерот на Милан.

Рома пропушти прилика да го прескокне Јувентус на третата позиција и со ремито кај Џенова остана на четвртата позиција. „Волчицата“ поведе во 59. минута по голот на Стефан Ел Шарави. Капитенот Де Роси беше исклучен во 69. минута затоа што направи прекршок за пенал кој подоцна го реализираше Лападула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top