
Кристина Агилера (33) и нејзиниот вереник Мет Рутлер го дочекаа раѓањето на првото заедничко дете, девојче кому вљубената двојка сѐ уште не му дала име.
Популарната пејачка поради мали компликации се породи со царски рез, но, за среќа, се се одвивало без големи проблеми.
Кристина дури и во бременоста уживаше во своето тело, што го докажа фотографирајќи се без облека за американскиот магазин „V“.
Инаку, на Агилера ова ѝ е второ дете, односно од минатиот брак со Џордан Бретман веќе има шестгодишен син Макс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


