Лидерот на табелата во Македонското фудбалско првенство Вардар продолжува со стоотстотниот ефект по три кола. По победите во првите две кола „црвено-црните“ успеаја да слават во Штип против секогаш незгодниот тим на Брегалница.
Вардарци победија во судиското продолжение поточно во 94 минута со голот на Филип Петковски. Тој успеа да го постигне конечниот резултат од 2-1 за Вардар и да им го донесе третиот триумф на своите соиграчи.
Поведе Брегалница преку Славчо Велковски во 14 минута. Избраниците на тренерот Андреев брзо се соземаа и преку Хамбарџумјан со удар со глава во 19 минута го израмнија резултатот. Ерменскиот интернационалец Дашјан одлично нафрли по по слободниот удар и на неговиот сонародник не му беше тешко да ја спроведе топката во мрежата.
Во вториот дел Брегалница играше половина полувреме со играч повеќе бидејќи Златко Таневски за груб старт над Велковски во 49.минута доби втор жолт картон. Силите беа израмнети во 76 минута кога Дарко Стојанов доби директен црвен картон за стартот над Филип Ивановски.
Во останатите натпревари од третото коло беа постигнати следните резултати:
ШКЕНДИЈА – Х.ТУРНОВО 5-2, СИЛЕКС – РЕНОВА 1-0, ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 0-1, РАБОТНИЧКИ – ТЕТЕКС 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.