Фотографии од иконите на филмското платно од златната доба на Холивуд, кои никогаш до сега не ги видела јавноста, ќе бидат сублимирани во книга како вредно уметничко дело кое ќе сведочи за ретките моменти зад сцена со големите актери.

Мерлин Монро, Одри Хепберн, Марлон Брандо, Грејс Кели и Роберт де Ниро се само дел од легендарните актерски имиња чии фотографии од филмски сетови ќе се најдат низ страниците на книгата Frame By Frame: Cinema’s Unseen Contact Sheets.

За време на златната доба на Холивуд, во период од 1950-та фо 1980-та година, додека се снимале филмовите често биле повикувани фотографи кои ќе ги овековечат неповторливите моменти зад сцена, а тоа сега ќе биде сублимирано во една вредна збирка која ќе го негува духот на едно убаво, ама сепак минато време.





Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Среќен роденден Мерлин Монро: Изложба на фотографии со детали од приватниот живот (галерија)


