Благодарение на галерија “Proud” од Лондон, жителите и посетителите на овој град ќе имаат прилика да ги видат ретките портрети на Marilyn Monroe со налов “Up Close With Marilyn: Portraits by Milton H. Greene”
Milton H. Grin ja имаше taa чест да ја фотографира Marilyn Monroe во 50 различни поставки, што резултираше со архива од над 3000 портрети.
Проектирајќи ја интимната ранливост, а истовремено барајќи го вниманието на публиката, способноста на Marilyn Monroe да го гради и контролира својот јавен имиџ, ја зацврсти нејзината позиција како една од најбараните и најпознатите филмски ѕвезди.
Marilyn Monroe е позната по нејзината фасцинантна силуета и сензуалност обвиена во аурата на речиси детска невиност.
Посматрајќи ја Marilyn Monroe низ објективот на современото време, слободно може да се каже дека таа стана симбол не само на сексепилот, туку и на зајакнување на женственоста, бидејќи успеала да се покаже на начин на кој ниедна славна личност до тогаш не се осмелила да се прикаже.
Оваа изложба ги прикажува деталите за приватниот живот на Marilyn Monroe обединувајќи го гламурот, харизматата и уникатниот шарм што придонесе за нејзиниот успех.
Среќен роденден Marilyn Monroe ! 1 јуни 1926, Los Angeles …
извор: divianarts.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.