| четврток, 6 декември 2018 |

Мажите сакаат бебе на 29, а жените на 32 години

Спротивно на генерално врежаното мислење, мажите сакаат бебе пред своите партнерки. Британското истражување, со кое биле опфатени 1.732 лица на возраст од 18 до 39 години покажува дека мажот го посакува своето прво дете на 29 години, додека жената смета дека 32 години се идеални за раѓање на првото дете.

Анкетата, која ја спроведе еден сајт, открива дека мажите сакаат да прават деца најдоцна до 35 години, бидејќи мислат дека потоа се премногу стари.

Поубавиот пол, пак, размислува за раѓање до 41. година. И едните и другите се согласуваат дека идеален број на деца е две.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top