Семејството на сопственикот на Лестер, Вичај Шривадханапрахба, кој загина пред два дена по падот на хеликоптерот, пристигна пред стадионот „Кинг Пауер” да им оддаде почит на жртвите на оваа трагедија.
Хеликоптерот во кој беа пет патници, вклучувајќи ги и пилотите, во саботата се урнал на паркингот на стадионот на Лестерм а клубот официјално вчера објави дека сопственикот на клубот загинал.
Оваа трагедија се прошири со брзина на светлината, а беше потресна за играчите и навивачите на Лестер, кои вчера почнаа да носат цвеќиња и шалови пред стадионот.
Денес на ова место се појави и семејството на Вичај Шривадханапрахба, кое дојде да им оддаде почит на жртвите на оваа трагедија, а сопругата на сопственикот од насопбраните фанови и глетката според очевидците за малку ќе се онесвестела од тага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона